
Продолжува циркусот на СКП: Дуелот меѓу Бенфика и Челси траеше пет часа (ВИДЕО)
Сепак, тоа не е главната вест од овој натпревар, туку прекинот кој траеше два часа, а беше предизвикан од најавено невреме. Да биде иронијата поголема, во моментот кога мечот беше прекинат, невремето не беше почнато, а до крајот остануваа уште околу четири минути од основниот дел и судиското продолжение. Поради таквата одлука, натпреварот вкупно траеше безмалку пет часа, почнаа во 22, а заврши во 2:50 по полноќ, по средноевропско време. Финишот се доигра пред речиси празни трибини затоа што гледачите не можеа и не сакаа да чекаат толку долго.
Во моментот кога судијата ги испрати фудбалерите во соблекувална, Челси водеше со 1-0, благодарение на голот на Рис Џејмс, а малку недостасуваше сето тоа да отиде во неврат откако екипите се вратија на терен. Во судиското продолжение Мало Густо направи пенал кој Анхел ди Марија го претвори во израмнувачки гол, негов четврти на првенството.
Сепак, во второто продолжение, работите дојдоа на своето место. Престијани доби црвен картон, Бенфика остана со фудбалер помалку, а потоа од 108. до 117. минута Челси постигна три гола, преку Нкунку, Нето и Друсбери-Хол.
Ди Марија го одигра својот последен натпревар во дресот на Бенфика, а од клубот си заминува како најдобар стрелец на Светското клупско првенство со четири гола иако, ситуација која може да се се смени бидејќи петмина фудбалери имаат по три, а се уште се на шампионатот. Во четвртфиналето, Челси ќе се сретне со Палмеирас кој беше подобар од Ботафого со 1-0.