
Јамал со ново барање до Барселона, сака да изведува - пенали и слободни удари!
Јамал е свесен дека Барселона во него гледа како лидер за иднината, па сака да ја искористи можноста да добие поголема одговорност, но и можност да постигнува повеќе голови во иднина.
Шпанскиот репрезентативец побарал од управата на Барселона од следната сезона да биде главен изведувач на слободни удари и пенал.
Младиот фудбалер очигледно сака да постигнува повеќе голови, откако минатата сезона запиша 18 погодоци и 25 асистенции во 55 настапи за гигантот.
Фото: Facebook/FC Barcelona