
Доминација на Мекларен: Норис побрз од Пјастри во Австрија!
Трката имаше хаотичен почеток бидејќи најпрво Карлос Саинц мораше да се откаже откако му се запали болидот, а потоа следеше судир меѓу Макс Ферстапен и Кими Антонели на стартот.
Норис и Пјастри водеа жестока борба за првата позиција од самиот почеток, при што беа забележани големи возбудувања на патеката, а на крајот славеше повозрасниот возач од Мекларен.
Третото место на подиумот беше резервирано за возачот на Ферари, Шарл Леклер, по што следеа Луис Хамилтон и Џорџ Расел во топ-5.
Фото: EPA PHOTO