Марк Маркез победи на трката во Холандија, а неговиот брат ја скрши раката (ВИДЕО)

Шпанецот Марк Маркез триумфира на трката за Големата награда на Холандија, додека неговиот брат Алекс не се прослави, туку се здоби со скршеница.

Маркез беше неверојатен на патеката и зад себе ги остави Марко Бечеки од Априлија и Франческо Бањаја од Дукати, додека неговиот брат Алекс падна од мотоциклот и ја скрши левата рака.

Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 307 бодови, додека Алекс има 239 поени, по што следи Бањаја со 181 бод.

Фото: Facebook/MotoGP