
„Фудбалерите сами се виновни, сакаат повеќе пари - треба повеќе да играат“
Германецот смета дека вината е и на самите фудбалери кои постојано бараат поголеми плати, а за да се обезбедат тие пари мора да има повеќе натпревари.
„Сфаќам зошто се фрустрирани, но фудбалерите и нивните агенти сносат дел од вината за ова. Со постојаното барање поголеми плати, тие ги притискаат клубовите да треба да заработуваат повеќе за да ги задоволат нивните барања. А од каде доаѓаат тие пари? Од повеќе натпревари“, вели Румениге.
„Затоа јас верувам дека е време сите инволвирани да седнат заедно и во една мирна и рационална конверзација да видат што може да направат за играта и бизнисот“.
Фото:X/FCBayern