
Јани Атанасов се врати во Краковија по шестмесечната позајмица
Тој официјално се врати во клубот со кој има договор и замина на подготовки во Варка кои ќе траат до 8 јули. Атанасов доби неколку дополнителни денови одмор поради настапот за македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство, на почетокот на јуни. Струмичанецот е член на Краковија од 2023 година, одигра вкупно 57 натпревари за клубот од Краков, но последната полусезона ја помина во полскиот второлигаш Пушча Нјеполомице.
Во својата кариера, 25-годишниот играч од средниот ред настапуваше уште за Хајдук, Бурса и Академија Пандев.