Навивачите на Атлетик Билбао повторно го уништија муралот на Вилијамс (ФОТО)

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс ги налути навивачите на Атлетик Билбао, откако јавно покажа желба да потпише за Барселона, па поради тоа неколку пати беше уништен неговиот мурал во градот.

На 27 јуни за првпат беше уништен муралот, по што властите решија да го обноват, меѓутоа истиот издржа само 15 часа пред да биде повторно оштетен.

Муралот повторно беше обновен по критиките од јавноста, но навивачите не планираат да запрат и по трет пат го оштетија истиот.

Фото: Facebook/Athletic Club