Милан и Јовиќ ја прекинаа соработката: Српскиот голгетер ќе бара нов клуб

Поранешниот италијански и европски шампион Милан денеска преку социјалните мрежи се збогува со српскиот напаѓач Лука Јовиќ.

Јовиќ не се прослави во редовите на „росонерите“, па поради тоа ќе мора летово да бара нов тим за иднината.

Србинот оваа сезона настапи на 15 натпревари во Серија А, при што постигна само два гола и играше под сите очекувања.

За услугите на српскиот напаѓач покажаа интерес неколку екипи, но засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Фото: X/AC Milan