Новинар со порака до Клоп: Ако не ти се допаѓа СКП, оди да пливаш или да гледаш ТВ

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп испрати критики поради Светското клупско првенство (СКП), но сега доби одговор од новинарот Солхекол од „Скај Спортс“.

Новинарот не се сложува со Германецот и кажа дека Клоп не мора да го следи турнирот доколку не му се допаѓа организацијата.

„Не се сложуваат сите со Клоп. Ако не ти се допаѓа Светското клупско првенство, немој да го гледаш. Можеш да пливаш, да гледаш ТВ, ‘Нетфликс’, да прошеташ. Ако не ти се гледа, немој да гледаш“, порача новинарот.