
Роналдо: Поважен ми е одморот од Светското клупско првенство
Роналдо не е дел од клупската смотра, Ал Наср не избори учество на натпреварувањето, но Португалецот имаше понуди од клубови да потпише краткорочен договор за настап на СКП.
„Имав некои понуди за играње на Светското првенство, но мислам дека тоа немаше смисла бидејќи повеќе сакам добар одмор, добри подготовките бидејќи оваа сезона ќе биде многу долга и ќе заврши со СП“, рече Роналдо.
„Сакам да бидам подготвен, не само за Ал Наср туку и за репрезентацијата“.
„Целта ми е да освојам нешто важно со Ал Наср и уште верувам во тоа. Затоа го продолжив договорот на уште две години бидејќи верувам дека ќе бидам шампион во Саудиска Арабија“.