
Алонсо потврди, Мбапе го пропушта и мечот против Салцбург!
Мбапе е здрав, болеста е минато, но додека траеше фудбалерот загубил четири килограми. Сега се наоѓа под посебен тренажен процес за да се врати во идеална фитнес форма.
Тој ќе му се стави на располагање на Алонсо од осминафиналето, тоа го потврди и тренерот.
„Мбапе? Добар е. Ќе се врати за елиминационата фаза“, беше краткиот одговор на Алонсо.
Реал Мадрид за да се пласира во осминафиналето не смее да го загуби мечот од Салцбург.