
Интер го исфрли Ривер, Монтереј ја „бомбардираше“ Урава за пласман во осминафинале! (ВИДЕО)
Интер и Ривер одиграа меч со многу тензија кој на крајот го доби италијанскиот тим со 2-0.
Во 65. минута Мартинез Кварта доби директен црвен картон откако како последен играч во одбраната го фаулираше Мхитарјан.
Седум минути подоцна тоа го искористи Интер и со убав гол на Еспозито поведе со 1-0.
Конечните 2-0 ги постави Бастони во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.
По мечот имаше мешаница која со реакција на повеќето кои се најдоа на теренот заврши без посериозни последици.
Во осминафиналето оди и Рамос кој со неговиот Монтереј се израдува на победа од 4-0 над Урава.
Во 30. минута Деоса испука вистинска бомба од далечина за водство на Монтереј од 1-0, четири минути подоцна Бертерам даде гол за 2-0.
Следуваше нова бомба од далеку, овојпат во режија на Корона за 3-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
Конечните 4-0 во 97. минута кога Бертерам со својот втор гол стави точка на натпреварот.
Интер со седум бода заврши како прв во групата Е, Монтереј е втор со пет, Ривер има четири на третото место, а Урава без бодови.
Нероазурите во осминафиналето ќе игра против Флуминенсе, а Монтереј ќе се сретне со Борусија Дортмунд.