
Јовиќ си оди од Милан, можеби и од европскиот фудбал
Наводно, интерес за него покажале мексиканскиот Круз Азул и бразилскиот Ботафого, но и руските Зенит и Спартак Москва. Засега Јовиќ нема одлука каде да продолжи, но каде и да биде, тоа ќе биде негов голем чекор назад во кариерата откако пред шест години беше продаден на Реал за 60 милиони евра.
Последната сезона Србинот одигра 17 натпревари во Серија А и Купот на Италија во дресот на Милан и постигна скромни четири гола.