Драма на ЕП: Англија ги понижи Шпанците, па следеше тепачка на теренот (ВИДЕО)

Репрезентацијата до 21 година на Англија славеше против Шпанија со 3-1 и се пласира во четвртфинале на Европското првенство (ЕП).

Англија по само 15 минути имаше предност од два гола (2-0) откако стрелаа Мекати и Елиот, но потоа Гуера од пенал во финишот на полувремето намали на 1-2.

Победата на Англија ја запечати Андерсон со удар од белата точка во 94. минута, по што следеше драма на теренот.

По последниот судиски свиреж следеше хаос на теренот, каде што се степаа играчи на двете репрезентации.

Brawl after the final whistle of England v Spain U21 Euros quarter final
byu/chanashan insoccer