
Хрватски боксер брутално нокаутиран во првата рунда од – полскиот Тајсон (ВИДЕО)
Тој беше совладан од се уште непоразениот Пјотр Лач (27), кој со овој триумф го подобри својот биланс на 14-0, оправдувајќи го прекарот „Полски Тајсон“. Милун го започна мечот охрабрувачки и по една минута силно го погоди противникот во телото, што доведе до нокдаун. Судијата започна со броење, а Лач успеа да се исправи и продолжи со борбата.
Но, 48 секунди пред крајот на првата рунда дојде до пресврт. Милун успешно блокираше еден удар со десната рака, но ја остави левата спуштена – што Полјакот умешно го искористи. Со силен лев кроше го погоди хрватскиот боксер и го испрати на подот.
Судијата веднаш ја прекина борбата, а Полјакот обезбеди пласман во четвртфиналето. Ова беше само втор професионален настап за Милун, кој во дебито забележа победа.
ФОТО: X / @MiszkinMaciej