
Ристевски и следната сезона ќе ја предводи одбраната на Пелистер
Битолскиот тим соопшти дека одбраната и во сезоната 2025/26 ќе ја предводи 32-годишниот Александар Ристевски.
„Задоволство ни е да го официјализираме продолжувањето на договорот со 32-годишникот, со кого добиваме искуство, квалитет и лидерство во нашиот одбранбен ред“, соопштија од Пелистер.
Ристевски во кариерата играше за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Работнички, Брера, Струга Трим Лум и Влазнија.
Фото: ФК Пелистер Битола