
Закариќ не оди никаде: Потпиша нов договор со Вардар!
Закариќ беше еден од најважните фудбалери на Вардар во изминатата сезона во која стигнаа до трофејот во Купот на Македонија, па поради тоа и се очекуваше раководството да го задржи.
Договорот на Закариќ истекуваше ова лето, но клубот успеа да постигне договор за продолжување на соработката.
Во изминатата сезона Закриќ одигра вкупно 36 натпревари во кои постигна 12 гола и запиша две асистенции.