Одбојкарите издоминираа против Црна Гора за втора победа во Златната лига!

Македонските одбојкари ја запишаа втората победа во Европската Златна лига откако вечерва во Струмица во натпреварот од шестото коло ја совладаа Црна Гора со 3-0 (25-20, 25-21, 25-13)  во сетови.

Црногорците денеска немаа никакви шанси против избраниците на Јошко Миленкоски кои беа подобри од почетокот до крајот.

Не беше Црна Гора толку далеку, но Македонија најчесто беше во водство и во клучните моменти беше подобра. Првиот сет го добивме со 25-20, а слично беше и во вториот кога на Црногорците им дозволивме еден поен повеќе.

Во третиот сет нашите одбојкари беа најубедливи и го добија со 25-13 за конечен триумф.

Овој триумф за Македонија е втор по победата над Летонија во третото коло.