Мега-трејд во НБА: Дурант во Хјустон за двајца кошаркари и шест пика на драфтот

Еден од најдобрите стрелци во НБА на сите времиња Кевин Дурант дефинитивно го напушта Феникс Санс и кариерата ќе ја продолжи во Тексас, тврди добро информираниот Шемс Чаранија.

Феникс постигнал договор за трејд со Хјустон кој во спротивна насока ќе ги испрати Џејлен Грин и Дилон Брукс, плус десеттиот пик на драфтот што ќе се одржи претстојната недела и уште пет пика во втората рунда. Дурант си заминува од Санс по 2,5 сезони поминати во франшизата од Аризона, а Хјустон ќе биде петти тим во неговата професионална кариера, по Сиетл/Оклахома, Голден Стејт, Бруклин и Феникс.

 

 

Хјустон чека титула од 1995 година, а во моментов има млад и исклучително талентиран тим, на чело со тренерот Име Удока кој е еден од најдобрите во лигата. Дурант треба да го донесе потребното искуство во борбата за трофејот.

фото: EPA Photo