
Таткото на Халанд ги прекина шпекулациите: Ерлинг е среќен во Сити
Самиот фудбалер не сака да се огласува по тој повод, а информациите за таков развој на настаните не престануваат и покрај тоа што пред неколку месеци потпиша десетгодишен договор со Сити. Место него, проговори татко му Алф Инге Халанд кој им испрати порака на сите што се занимаваат со неговиот син.
„Ерлинг е среќен во Манчестер Сити и во моментов е фокусиран на Светското клупско првенство“, рече постариот Халанд.
Неодамна претседателот на Барса, Жоан Лапорта изјави дека не е ништо исклучено во врска со евентуалниот трансфер на Халанд на Камп Ноу, а медиумите во Мадрид постојано го поврзуваат со Реал.