
Еврогол на Јилдиз, Јуве и Видад пукаат од сите оружја (ВИДЕО)
Откако беше главен „виновник“ што Мароканците си постигнаа автогол во шестата минута, Турчинот го зголеми водството на својот тим, десет минути подоцна со фантастичен погодок. Доби една топка на 18 метри од противничкиот гол и потоа со еврогол ги израдува навивачите на својот тим.
За прекрасниот впечаток од првото полувреме се погрижи противникот кој преку Лорч ја врати драматиката на овој натпревар, па резултатот на полувреме е 2-1.