Гвардиола: Трофејот од Светското клупско првенство не може да нè утеши!

Манчестер сити за првпат по долго време не освои ниту еден поголем трофеј, па тренерот Пеп Гвардиола ја смета сезоната за неуспешна, а вели дека нема да ги утеши ниту пехар на Светското клупско првенство.

Гвардиола и неговите избраници се борат за трофејот во натпреварувањето, меѓутоа стратегот смета дека тоа нема да ја поправи нивната сезона.

„Оваа сезона не беше добра. Освојувањето на Светското клупско првенство нема да ги поправи работите. Можеме да се бориме до крај, но немаме добра сезона“, кажа Гвардиола.

Фото: Facebook/Manchester City