
Деко ја потврди „бомбата“ која ја чекаат сите во Барселона (ФОТО)
Во изминатите денови имаше многу шпекулации за Вилијамс, кој јасно кажа дека сака да ги засили редовите на освојувачот на Ла Лига, а Деко потврди дека тоа ќе се случи наскоро.
„Нико реши да потпише за Барселона, тоа е вистина“, кажа Деко.
За услугите на шпанскиот репрезентативец беа заинтересирани тимови како Челси, Арсенал и Реал Мадрид, но Вилијамс инсистирал да го облече дресот на Барселона.