Леверкузен го урна клупскиот рекорд за засилување од Ливерпул (ФОТО)

Германскиот гигант Баер Леверкузен, откако заработи еден куп пари од Флоријан Вирц, реши да го урне клупскиот рекорд и да ангажира засилување од Ливерпул.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Баер го купил талентираниот англиски дефанзивец Џарел Кванса и дека ќе добие 35 милиони евра што е рекорден трансфер, откако претхдониот беше на Керем Демирбај со 32 милиони евра.

Кванса потпишал договор со тимот од Леверкузен до 2030 година и ќе биде замена за Џонатан Тах, а Леверкузен ќе треба да исплати дополнителни шест милиони евра за бонуси.