Бублик го шокира и Медведев во финалето во Хале

Александер Бублик од Казахстан славеше со 2-0 против Данил Медведев во финалето на турнирот во Хале.

Бублик одигра одличен прв сет, во кој успеа да му го одземе сервисот на Медведев во осмиот гем (5-3) и потоа сервираше за 6-3.

Медведев во вториот сет даде поголем отпор, но пропушти брејк и сет-топка против Бублик, по што казната стигна во тај-брејкот каде што тенисерот од Казахстан беше подобар со 7-4.

Фото: EPA PHOTO