Фудбалерите на Урава им се извинуваа на навивачите по пораз од Интер (ВИДЕО)

Урава загуби со 1-2 од Интер во второто коло од Светското клупско првенство, а тоа значеше дека јапонскиот состав дефинитивно нема да го продолжи натпреварувањето во втората фаза зашто првите две екипи во групата се недостижни.

Фудбалерите на Урава по поразот од Интер им се поклонија и се извинија за раната елиминација од натпреварувањето.