Сензационална најава од Мадрид: Србинот Митровиќ би можел да биде крунисан во - крал!

Српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ, би можел наскоро да го напушти Ал Хилал и повторно да заигра во Европа, откако шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид е заинтересиран за негов ангажман.

Новиот тренер на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо, побарал од управата засилување во нападот, а меѓу потенцијалните имиња наводно се спомнувал и српскиот ветеран. Покрај него, се разгледуваат и други опции, како Анте Будимир и Патрик Шик.

Митровиќ, кој има 30 години и игра во одлична форма во дресот на Ал Хилал, привлекол внимание со својата голгетерска ефикасност и физичка доминација, особено во играта со глава. Алонсо, според истиот извор, внимателно ќе го следел токму на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ал Хилал на Светското клупско првенство.

Српскиот офанзивец, сепак, не настапи на споменатиот меч во САД поради повреда, а натпреварот заврши без победник – 1-1.