Европа има нов ракометен владетел: Магдебург ја освои титулата во ЛШ

Ракометарите на Магдебург триумфираа против Фуксе Берлин со убедливи 32-26 во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Фуксе Берлин на стартот имаше предност од 5-3, но како минуваше времето така Магдебург почна да ја презема контролата врз натпреварот и на полувреме замина со 16-12.

Магдебург успеа да ја зачува предноста на стартот на вториот дел, иако Фуксе Берлин се трудеше да ја врати неизвесноста, меѓутоа залудно затоа што ривалот на крајот стигна до триумф од 32-26.

Најдобар во победничкиот тим беше Гисли Кристјансон со осум голови, додека Матиас Гидсел постигна седум погодоци за Фуксе Берлин.

Битката за третото место на завршниот турнир во ЛШ претходно заврши со победа на Нант од 30-25 против Барселона.

Фото: EPA PHOTO