
Несудениот Македонец викендов се ожени со босанска репрезентативка во фудбал!
Свадбата се одржа во ексклузивно одморалиште Хелсинборг (Шведска), во присуство на стотина гости, меѓу кои и легендарниот Златан Ибрахимовиќ. Кулушевски, чии родители потекнуваат од Македонија, е роден во Шведска за која одлучи да настапува на меѓународна сцена како сениор, иако претходно имаше настапи за македонските младински селекции. Досега има забележано 29 настапи во дресот на шведската репрезентација. Неговата одлука да ја претставува Шведска, а не земјата на неговото потекло, често се споменува како пример за интеграција и избор меѓу личен идентитет и спортска перспектива.
Кулушевски неколку години е во врска со Елдина, која е родена во Шведска и која настапувала за репрезентацијата на БиХ. Двојката се сврши во мај 2023 година, а во март 2024 станаа родители на ќерка. Ахмиќ во клупската кариера играла за шведските клубови АИК и Бромапојкарна.