
Миленкоски направи една промена во составот за натпреварите со Летонија и Грција (ФОТО)
Селекторот Јошко Миленкоски направи една промена во составот во однос на натпреварите во Словачка, па така во тимот на местото на Етим Ричлиев шанса ќе добие Давид Стојанов од тимот на Штип УГД.
Македонија вечерва треба да пристигне во Даугавпилс, а в петок ќе се соочиме со Летонија во терминот од 19 часот. Еден ден подоцна во терминот од 17:00 часот ќе ги одмериме силите со Грција.
На турнирот во Братислава, Македонија загуби во двата н атпревари од Словачка и Финска.