Роналдо: Оставете го Јамал на мира, тој е феномен - ќе освои многу трофеи!

По натпреварот од финалето на Лигата на нации, Кристијано Роналдо му даде поддршка на Ламин Јамал.

Интересен беше дуелот меѓу Кристијано Роналдо кој има 40 години и Ламин Јамал кој има само 17. Едниот во заминување, другиот штотуку ја почнува кариерата.

Јамал во финалето не направи речиси ништо, за разлика од Роналдо кој даде гол и беше еден од најдобрите.

Новинарите се обидуваа да го искритикуваат Јамал, но Роналдо ги пресече, му даде поддршка на младиот играч.

„Ламине ќе освои многу колективни и индивидуални титули. Тој е феномен“, вели Роналдо.

„Ќе има долга кариера и ќе освои многу Лига на нации“.

„Тој има само 17 години, ве молам, оставете го на мира. Ве замолувам да го оставите. Треба да биде смирен“.