Реал ја доби војната со ПСЖ, Мастантуоно се сели на Бернабеу!

Падна договор, Реал Мадрид го договори трансферот на големиот аргентински талент, Франко Мастантуоно кој на Сантијаго Бернабеу ќе пристигне од Ривер Плата.

Реал и Ривер си подадоа рака за трансферот на Мастантуоно кој претходно ги договори личните услови со кралскиот клуб.

Договорот кој ќе го потпише талентираниот фудбалер ќе биде со трајност до јуни 2031 година.

Реал Мадрид на Ривер Плата ќе му исплати 45 милиони долари кои ќе бидат плаќани на рати. 

Мастантуоно ќе игра за Ривер Плата на Светското клупско првенство, а потоа ќе се пресели во Мадрид.

Во наредните денови трансферот треба да биде официјално потврден.

Мастантуоно е офанзивен фудбалер кој игра по десната страна, но може да одигра и во средниот ред зад напаѓачите. Во август ќе наполни 18 години.