
Спалети потврди: Италија ќе има нов селектор!
Спалети имал желба да продолжи да ја води селекцијата, но во федерацијата се одлучиле за смена по тешкиот пораз на гостински терен од Норвешка со 3-0.
На конференцијата за медиуми, Спалети потенцираше дека сојузот донел таква одлука, меѓутоа тој ќе потпише дпогобен раскин на договорот.
„Разговаравме вчера и ми кажаа дека ќе бидам разрешен. Жал ми е со оглед на нашиот однос. Немав намера да се откажам. Би сакал да можев да останам, но кога е одлуката таква, морам да ја прифатам. Ваквата улога за мене секогаш била еден вид служење на татковината“. изјави Спалети.
Потврди дека ќе биде утре на клупата против Молдавија.
„Ќе го раскинам својот договор, а утре ќе бидам на клупата. Резулатите под мое водство се такви, какви што се и морам да преземам одговорност“, призна Спалети.
Италија не се пласираше на последните два Мундијали, па тоа е само уште една причина во федерацијата да не чекаат и да се обидат со селекторска смена да ја променат ситуацијата.
Фото: FIGC