
Спалети е пред отказ: Навивачите имаат само една желба
Италијанскиот инсајдер објави дека во федерацијата се одржал итен состанок по слабиот настап на Италија и на него било одлучено Спалети да замине со цел ситуацијата брзо да се промени и да не се дозволи Италија да остане без уште едно Светско првенство.
Веќе се споменува и дека на негово место може да дојде Стефано Пиоли кој ја завршува својата мисија во Саудиска Арабија и наскоро и официјално треба да го раскине договорот со Ал Наср.
Меѓутоа навивачите имаат друга желба и на кормилото на „Аѕурите“ го сакаат искусниот Клаудио Раниери кој сезонава ја препороди Рома за потоа да му го препушти местото на Гасперини кој беше промовиран на клупата на „волчицата“.
Во анкетата на „Газета дело Спорт“ во која учествувале речиси 40.000 испитаници дури 95% го дале својот глас за Раниери. Сепак, Раниери во текот на сезоната зборуваше дека по работата во Рома нема намера да биде повторно тренер, па засега таа желба не изгледа како реална. Меѓутоа ако навистина пристигне повикот од Италија, тоа можеби и ќе го предомисли.
Фото: EPA