
Динамо продава фудбалер во Серија А, ќе заработи 24 милиони евра!
Според последните информации, Батурина е расположен за преселба во Комо, додека калчолигашот е подготвен да плати 17 милиони евра плус седум во бонуси за да го добие неговиот потпис.
Батурина оваа сезона настапи на 45 меча во сите натпреварувања за Динамо, а притоа постигна шест голови и 12 асистенции.
Фото: EPA PHOTO