
Челси испрати понуда до Милано - го сака Мењан, но нема да го чека вечно!
Челси пред неколку дена покажа интерес за францускиот чувар на мрежата, по што реши да испрати понуда до Милано за трансфер на Мењан, но нема вечно да чека одговор од „росонерите“.
„Сините“ сакаат конечен одговор во преговорите со Мењан до крајот на трансфер-периодот пред почетокот на Светското клупско првенство, односно до вторник.
Мењан изрази желба да го облече дресот на гигантот од Лондон, но Милан потоа побара најмалку 25 милиони евра, меѓутоа Челси испрати пониска понуда од очекуваната.
Причината за ваквиот потег на поранешниот англиски шампион е тоа што Мењан има договор со калчолигашот до крајот на следната сезона, па сака да го добие неговиот потпис на „попуст“.
Фото: Facebook/AC Milan