Мајсторијата на Алиоски во конкуренција за гол на колото во квалификациите за СП (ВИДЕО)

Македонија освои голем бод против Белгија во својот трет натпревар од квалификациите за Светското првенство откако во петокот на домашен терен одигра 1-1.

Стрелец на единствениот гол за нашиот национален тим беше Езѓан Алиоски кој погоди во 86. минута за голема еуфорија на Градскиот стадион во Скопје. Неговата мајсторија не остана незабележана, па голот е во конкуренција за најубав на колото во квалификациите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by UEFA EURO (@euro2024)

Покрај Алиоски, во изборот се уште Антонио Нуса од Норвешка, Адам Хложек од Чешка и Иван Перишиќ од Хрватска.