Ново засилување за вицешампионот: Велиновски потпиша за Силекс

Македонскиот вицешампион Силекс денеска промовира уште едно засилување, а тоа е Кристијан Велиновски кој доаѓа од ГОШК Габела.

Силекс има високи амбиции за следната сезона поради тоа што ќе настапи и во квалификациите за Конференциската лига, па затоа реши да потпише со уште едно засилување, откако во текот на денот во Силекс пристигна и Малик Хамзиќ.

Велиновски минатата сезона настапи на 12 натпревари за босанскиот тим и притоа запиша една асистенција, а претходно во кариерата играше за Сумгаит, Брера Струмица и Брегалница.