Поранешниот капитен на Албанија со провокативна порака: Косово е наше, сега играјте фудбал

Некогашниот репрезентативец и капитен на албанскиот нацконален тим Мергим Маврај испрати жестока провокација пред вечерашниот натпревар против Србија.

Албанија и Србија се среќаваат во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а имајќи ја предвид нетрпеливоста на двата народа, атмосферата е доведена на ниво на вжештување. Во целата ситуација се вклучи Маврај чии родители потекнуваат од Косово, но тој е роден во Германија и играше за Албанија. Тој сакаше да им порача на играчите да мислат само на фудбал, но тоа го направи многу дрско и безобразно.

„Момци, војната е готова, Косово е наше, засекогаш. Сега играјте фудбал“, напиша Маврај на социјалните мрежи.

Тој играше за Албанија на контроверзниот натпревар против Србија во Белград во 2014 година кога со дрон беше спуштено знаме на т.н. „Голема Албанија“. Најголем дел од својата кариера помина во Германија, а за албанската селекција одигра 50 натпревари и постигна три гола.