
Албанија мораше да стави знаме на Србија, се одлучи за најмалото што постои (ФОТО+ВИДЕО)
Според правилата на УЕФА, на стадионот мора да има барем едно знаме од двете држави. Албанците го испочитуваа тоа, но не пропуштија можност и тука да ги провоцираат своите соседи.
Под покривот на Комбетаре Арената во Тирана има знаме на Србија со најмали можни димензии, безмалку три пати помало од знамињата на Албанија, УЕФА и земјата од каде доаѓаат судиите.