„Барди од слободен ќе ја скине мрежата на Белгија, ама Македонија ќе - загуби!“

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Белгија во квалификациите за Светското првенство, а во време кога модерната технологија се повеќе е застапена ја искористивме можноста да ја прашаме за исходот на вечерашниот натпревар.

Во својата анализа „ChatGPT“ прогнозира победа на Белгија од 1-2, но потенцира дека Македонија има квалитет да ги изненадува големите репрезентации, посебно дома, меѓутоа како наш проблем ја истакнува играта во одбраната.

Како клучни фудбалери ги опишува Енис Барди во средниот ред како креативец и опасен од прекини, потоа Елмас со својата способност за дриблинг и Миовски во нападот.

Очекувањата на вештачката интелигенција е Македонија да игра дефанзивно и да чека шанси од котнри, а Белгија да доминира во поседот на топка и преку Де Брујне и Доку да се обиде да креира опасни прилики. Како пресуден фактор за наш успех „ChatGPT го истакнува затворањето на Де Брујн.

Кога се стрелците во прашање, очекува за Македонија тоа да биде Барди од прекин (слободен удар или пенал), а за Белгија Лукаку и Доку.

Останува вечерва да видиме што ќе се случува на арената, но ова може само да биде уште еден мотив за моците на Милевски да ја демантираат и вештачката интелигенција.