Познато кога Модриќ ќе го комплетира трансферот во Милан

Хрватскиот ветеран, Лука Модриќ како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Милан, а денеска медиумите објавуваат информации и кога трансферот ќе биде комплетиран.

Според информациите капитенот на репрезентацијата на Хрватска во текот на следната недела, по завршувањето на репрезентативните обврски би требало да потпише договор со Милан.

Хрватска денеска против Гибралтар ги започнува квалификациите за Светското првенство, а во понеделни 9 јуни ќе се соочи со Чешка.

По тие натпревари Модриќ би требало да допатува во Милано на лекарски прегледи и потпис на договорот. Модриќ на „Сан Сиро“ пристигнува како слободен фудбалер без оштета, но со Реал ќе треба да го одработи Светското клупско првенство.