
Модриќ се сели во гигант од Серија А!?
Информациите на Фабрицио Романо велат дека Милан сонува ова лето да го ангажира Лука Модриќ кој е слободен играч откако не го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Новиот директор на Милан, Игли Таре има за цел да го донесе Модриќ на Сан Сиро.
Тој тоа му го кажал на раководството на Милан уште кога ги имал разговорите пред да биде назначен за спортски директор.
Модриќ веќе има неколку понуди од клубови низ светот, а Милан сигурно е една од најатрактивните кога станува збор за имињата на клубовите.
Целта на Модриќ е да игра на највисоко ниво и да биде во форма за Светското првенство наредната година. Поради тоа најдобра опција за него е да продолжи да игра европски фудбал.