Ѓоковиќ брка историска „стотка“ против тенисерот од кого беше удрен со топче во нога (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, попладнево по четврти пат ќе се појави на терените на Ролан Гарос и тоа против Камерон Нори, против кого има огромен мотив да го совлада.

Србинот против Британецот ја брка историската стотта победа на гренслем-турнирот на земјена подлога, со што би му се придружил на Рафаел Надал, кој е убедлив лидер и единствен досега со троцифрен број триумфи (112). Истовремено, ќе проба уште еднаш да му се одмазди на противникот, од кого доби удар со топче во ногата на турнирот во Рим. Ѓоковиќ тогаш долго размислување дали да влезе во вербален дуел со Нори поради неговиот неспортски потег, по кој наместо да дојде да види како е ривалот тој само му крена рака во наводен знак за извинување.

Ѓоковиќ во досегашната пребогата кариера има 99 победи и на Австралија опен, каде што најдобар е Роџер Федерер со 102 триумфи, со шанса следниот јануари да дојде до уште едно историско остварување.