Шампионот со шампионите: Ѓоковиќ со ПСЖ на прославата на титулата

Сопствениците на сезонски билети вчера на Паркот на принцовите имаа можност да ги поздрават новите европски шампиони во фудбал, а меѓу нив се најде и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Судбината сакаше во деновите на триумфот на ПСЖ, тој да се најде во Париз каде се одржува „Ролан Гарос“ и доби покана да учествува на големата прослава. Пред финалето, Ѓоковиќ истакна дека ќе навива за ПСЖ, а од парискиот клуб сакаа да му се оддолжат за поддршката.

 

 

Неговата врска со Париз е нераскинлива, освен успесите на „Ролан Гарос“, тој лани учествуваше на простувањето на Никола Карабатиќ, а сега може да се пофали и дека учествувал на прославата на ПСЖ.