Охрид продолжува со звучни засилувања – договорил лев бек од ривалот Вардар!
Тој би требало да биде замена за повредениот Тејмурас Орјоникидзе, кој до крајот на календарската година ќе биде надвор од теренот. Петрич е 24-годишен ракометар, кој би дошол во Охрид со цел да го засили шутерскиот потенцијал на тимот и да придонесе во амбициите на клубот за повисок пласман.
Србинот својата играчка афирмација ја стекна во белградски Партизан, каде што беше дел од тимот што играше во финалето на плејофот во 2023 година. Во македонската ракометна сцена пристигна по стапките на својот татко, поранешниот југословенски репрезентативец Владимир Петриќ.
Тој во дресот на Вардар се истакна со добри настапи и постигна 20 голови во ЕХФ Лигата на Европа, иако имаше силна конкуренција со ракометари како Борозан и Хориха на неговата позиција.