Меси и Суарез формираа нов фудбалски клуб - во Уругвај

Се помодерно станува фудбалерите кои се на залез на кариерата да преземаат клубови низ светот, па во групата од неодамна се поранешните ѕвезди на Барселона, сега соиграчи од Интер Мајами, Луис Суарез и Лионел Меси.

Двајцата формираа фудбалски клуб кој ќе го носи името Депортиво ЛСМ (иницијали од Луис Суарез и Меси) кој е од уругвајскиот град Сиудад де ла Коста и ќе се натпреварува во уругвајската четврта лига. Клубот има и свој стадион со капацитет од 1.400 места.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by OneFootball (@onefootball)

Амбициите се да се стигне до највисокиот ранг во уругвајскиот фудбал, а клубот ќе има и сениорски тим и младинска школа каде ќе бидат собрани некои од најголемите таленти во оваа јужноамериканска држава, како и од Аргентина.