
Мечот помеѓу Алкалоид и АЕК засега е одложен - сѐ е во рацете на ЕХФ!
Ракометниот клуб АЕК одбива да го одигфра реванш-финалето од Европскиот куп затоа што навивачите не се присутни, но место да добие санкции за тоа, од ЕХФ му прифаќаат мечот да биде одложен.
Според последните информации, претседателот на АЕК не им дозволува на играчите да излезат на терен. Нејасно е зошто навивачи на грчкиот тим нема во салата бидејќи тие се вратени во Атина, проблематични биле два автобуса кои не можеле да влезат во Скопје, а останатите се солидаризирале со нив и, исто така, се вратиле, дури и оние што дојдоа во Скопје како претходница.
Играчите на АЕК, наводно, имале голема желба да играат и капитенот на тимот доаѓал до записничката маса за да праша какви се санкциите за евентуално неиграње. Тие дури и со солзи ја прифатиле одлуката да не се игра, но во моментов, официјално, натпреварот е одложен иако не е исклучено да се смени ситуацијата во следниот период.
Ова не е прв ваков случај на АЕК оваа сезона, слично беше на двомечот против Партизан во четвртфиналето кога грчкиот клуб одби да игра поради испади на домашните навивачи. Мечот подоцна се одигра на неутрален терен и АЕК помина во следната фаза.