Алкалоид со „Ја излези Ѓурѓо“ ги повика ракометарите на АЕК на терен (ВИДЕО)

Реванш средбата од финалето во Европскиот куп помеѓу Алкалоид и АЕК се уште не е почнато, поради одбивање на гостите да се појават на паркетот додека не се појават нивните навивачи во салата.

Тензиите во салата „Борис Трајковски“ се високи, а желбата кај македонските ракометари се огромна првиот европски трофеј да биде освоен на теренот.

Додека се исчекува епилогот од преговорите со грчкиот тим, Алкалоид на мангупски начин со песната „Ај излези Ѓурѓо“ преку разгласот го повика противникот да се појави и на спортски начин да го реши прашањето околу победникот.