Хајдук не успеа да освои титула, Торцида го запали стадионот во Шибеник (ВИДЕО)

Риека е нов шампион на Хрватска откако во последното коло од тамошното првенство го совлада Славен и повторно со празник раце го остави Хајдук.

Сплитскиот тим и неговите навивачи се надеваа на подарок, но до него не дојде, па членовите на Торцида направија хаос на теренот во Шибеник. Во финишот од мечот, кога беше јасно дека трофејот оди во Риека, на теренот фрлија десетици факели на теренот и буквално го запалија стадионот.

Главниот судија Анте Чулина одлучи да го прекине мечот бидејќи факелите ги запалија рекламите и можеше да дојде до трагедија, а потоа фудбалерите на двата тима се повлекоа од теренот.

Целата ситуација на стадионот во Шибеник можете да ја видите ТУКА.